Ова бебе тешко само половина килограм е пример дека чудата постојат

Малата Хана Беговиќ која е родена во Макарска на 28. jуни 2013 година, била родена три и пол месеци пред терминот, и била тешка само половина килограм и долга околу 30 сантиметри.

Според  зборовите на докторите во сплитската болница, Хана е најмалото бебекое досега било родено во Хрватска, а со својата мајка дваесет и три годишната Ања, од болница излегла пред неколку дена, по седум месечна борба за живот.

За време на престојот во болницата Хана порасна цели 45 сантиметри и денес тежи 3700 гр.

Таа помина 75 дневна реанимација и компликации како крварење на мозокот, што Хана се храбро преброди

Во сплитската болница ја нарекувале палче, а со оглед на тоа дека дишела без апарати од првиот ден, лекарите ја нарекувале – бебе чудо.

Лекарите не биле посебно оптимистични, па родителите Ања и Един ги подготвувале за најлошото сценарио.

17.01.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа