СКАНДАЛ: Директор на Македонски пошти кршел рампи во Битола - не сакал да плати паркинг

Скандал ја стресе Ботола. Некаде помеѓу 17 и 18 часот се одвивала вистинска драма кај Стара автобуска - Комплекс  Банки, откако директорот  на Македонски пошти во Битола, господинот Евдал Акифи одбил  да плати билет за паркингот кој го користел. Според информациите на Шеталиште.мк, Арифи кој бил со автомобил марка Шкода,  го зел билетот од влезниот терминал и заминал  на излезната рампа, чекајќи истата да се отвори, без да плати, а откако му било кажано дека ќе мора да му наплатат за користената услуга, тој бурно изреагирал, одбил да плати и си заминал, при тоа кршејќи ја рампата со автомобилот.

Откако ја искршил рампата, Арифи им рекол на вработените дека оди да го земе камионот за да им покаже кој треба да плати паркинг, а потоа навистна се вратил на местото на настанот со службеното  комбе и со голема брзина поминал преку влезната  рампа, ја оштетил, и продолжил кон излезната која веќе ја искршил. Свртел уште едно кругче пред кабината за наплата и заминал кон ул. Никола Тесла - Стоковната  куќа Марди, потоа се вратил и  го удрил и терминалот со што го искршил и него.

Настанот бил веднаш пројавен во полиција која пристигнала за 15 минути, а потоа како на филм, сторителот се вратил и пред шест службени лица од МВР му наредил на неговиот вработен - шофер на камионот да оди во рикверц  и повторно да удри на влезниот терминал.

Сторителите ќе одговараат за делото.

17.01.2014 - 10:50
Фото: 
шеталиште

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега