Обама ќе преземе ригорозни мерки за намалување на пушењето

Како што стои напишано во весникот „Фајненшл тајмс“ , администрацијата на американскиот претседател Барак Обама двојно ќе ги зголеми напорите за ограничување на пушењето цигари. 

Во денеска објавениот извештај по повод 50-годишнината од првиот владин извештај за пушењето во САД, се предупредува дека досега постигнатите успеси во борбата против оваа штетна навика, не се гаранција на напредок и во иднина. 

Во извештајот, кој беше изготвен од американската владина служба за јавно здравство, стои дека додека во 1965 година 43 отсто од населението во САД биле пушачи, денес тој процент изнесува 18.

Сепак, се додава во документот, секој ден над 3.200 млади лица под 18 години ја палат првата цигара. 

17.01.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа