Жељко Јоксимовиќ ја расплака Тамара од „Икс Фактор"

Последниот настап на Тамара Милановиќ, една од натпреварувачките кои го воодушевија Балканот и жирито на Икс Фактор, предизвика бура негативни коментари, меѓу кои беа и оние на судиите, а како што пренесуваат српските медиуми, коментарот на Жељко кој се смета за најстрог судија во музичкото шоу, ја расплакал убавата девојка.

Тамара која важи за фина,ненаметлива и културна девојка не останала рамнодушна на коментарот на Жељко дека таа никого не слуша и дека секогаш си прави се по свое и покрај критиките.

Откако се симнала од сцената, Тамара веднаш се расплакала, а сите останале шокирани од коментарите на жирито и од тоа зошто нејзиниот ментор не застанал во нејзина одбрана. 

 

17.01.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега