Жељко Јоксимовиќ: Иако уште сега е ѕвезда Кајмакоски и понатаму е со двете нозе на земја

Жељко Јоксимовиќ кој се смета за најстрогиот судија во музичкото шоу "Икс Фактор", а е ментор и на нашиот талентиран и скромен Даниел Кајмакоски, во интервју за Дневник, вели дека Даниел е голема ѕвезда и дека негова задача е да го поддржи и да го советува и понатаму да остане скромен како што е сега со што ги освои симпатиите на целиот Балкан.

- Навистина Даниел уште сега е ѕвезда и тоа со причина. Има се што е неопходно за таа ласкава титула и одиме на победа. Секако дека популарноста стекната преку ноќ лесно може да биде и речиси еднакво штетна, но тој е силна личност и верувам дека и понатаму со двете нозе е на земја, вели Жељко за својот натпреварувач и додава дека е талентиран скромен и вреден.

Во однос на Фифи, Жељко вели дека се уште се натпреварува и покрај  неговиот првичен коментар бидејќи најважно е што мисли публиката.

17.01.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега