Мариса Мајер го отпушти оперативниот директор на "Yahoo' Енрике де Кастро

Како што јавуваат светските агенции, оперативниот директор или вториот човек  на Yahoo, Енрике де Кастро ја напушта компанијата.

Американскиот интернет гигант има направено извештај до Федералната комисија за хартии од вредност и берзи.

Веќе со месеци можеше да се слушнат гласините дека вакво нешто се подготвува. Експертите сметаа дека Де Кастро е под голем притисок да го подобри „Yahoo“ во смисла на атрактивноста на огласувањето и често пати поради тоа влегувал во конфликт со Мариса Мајер која воедно е лидер на компанијата.

Во краткото соопштение, Мариса Мајер го напишала следново:

„Размислував и на крајот донесов тешка одлука нашиот досегашен „COO“, Енрике де Кастро да ја напушти компанијата. Го ценам тоа што тој го направи за „Yahoo“ и му посакувам се најдобро во иднина“.

17.01.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа