Обама им се закани на републиканците со потпишување декрети

Американскиот претседател Барак Обама на опозициските републиканци им се закани така што ќе почне да потпишува нови претседателски декрети, доколку Конгресот не ги усвои законите што тој ги предлага.

“Не можеме да чекаме да се донесат закони за да им ја пружиме на Американците помошта која им е потребна. Јас имам пенкало и имам телефон” , изјави Обама, додавајќи дека со пенкалото може да потпишува извршни одлуки, додека преку телефонот ќе работи на организирање поддршка на неговите одлуки.

Обама предлага неколку законски решенија кои не можат да бидат изгласани во Конгресот, поради противењето на републиканците кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом. Едно од нив е барањето да се продолжи рокот во кој Американците кои се без работа можат да добиваат парична помош на подолго од сегашните 26 недели.

17.01.2014 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа