"Ми го уби детето треба да му ја одземат душата" - проговоре таткото на една од девојките кои отидоа заедно во смрт

Пијан со 120 километри на час, Љубомир Милиќ ја предизвикал страотната сообраќајна несреќа во српски Жабаљ, во која загинаа две малолетни девојки. Ноќта на Стара Нова Година, момчето со 1,3 промоили алкохол во крвта предизвикало сообраќајка, а потоа не повикало ни Брза помош за да ги спаси двете другарки.

Таткото на 16-годишната Јелена Бајт која за жал го загуби животот во страотната несреќа, Мирко Бајт, за српскиот Курир вели дека Љубомир е битанга која му го убила детето, а таа загуба никогаш никој и со ништо нема да му ја надомести. 

- Се надевам дека ќе го осудат на максимална казна бидејќи ми го одзеде детето. Треба да му се земе се бидејќи нема душа. Сите велат дека цел ден пиел од локал во локал, а потоа го позајми автомобилот и ми го уби детето, вели низ солзи таткото на малолетничката која почина на патот кон болницата.

Полицијата и претходно го фаќала Љубомир како вози без дозвола, а таткото вели дека доколку бил казнет навреме, трагедијата немало да се случи. Мирко додава и дека родителите на момчето дошле да им изразат сочуство, а тој и неговата сопруга не можеле да ги избркаат од дома. Ги примиле како луѓе, а потоа мајката раскажала што правел Љубомир тој ден. Таткото вели дека е запрепастен и дека не може да сфати како му дозволиле да излезе и да вози во таква состојба.

Повеќе за несреќата прочитајте ТУКА.

17.01.2014 - 09:47
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега