„Гардијан“: НСА дневно ширум светот следела по 200 милиони пораки на мобилните телефони

Британскиот весник „Гардијан“ објави дека американската Агенција за национална безбедност (НСА) дневно ширум целиот свет следела по околу 200 милиони кратки пораки на мобилните телефони, преку кои дознавала за плановите на луѓето за нивните патувања, контакти и трансакции со кредитните картички.

Програмата на НСА со кодно име „Дишфаер“ во „голема мерка собирала се што е можно“, наведува весникот, повикувајќи се истражување што го спорвел заедно со телевијата Канал 4, врз основа на документи што ги обелодени поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, кој во моментов се наоѓа во Русија.

Според „Гардијан“, овие документи  покажуваат  и дека британскиот Владин штаб за комуникации, односно службата за електронска шпионажа, ја користела базата со податоци на НСА за да обебзедува информации за комуникациите на луѓето во Обединетото Кралство.

Во април 2011 година програмата „Дишфаер“ собирала просечно по 194 милиони СМС, меѓу кои и од лица кои не биле осомничени за незаконски активности.

17.01.2014 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега