Германски авион-ловец „торнадо“ се урна кај Кобленц

Авион-ловец од типот „Торнадо“ на Военото воздухопловство на Германија се урна синоќа кај западниот германски град Кобленц, јави ДПА.

Двајцата пилоти успеале да се катапултираат, а единиот од нив бил полесно повреден изјави локалната полиција.

Несреќата се случила кога борбеното летало паднало на земја во ридест предел, на околу 50 километри западно од Кобленц, во близина на пат. Нема настрадини луѓе на земјата, а патот денеска ќе биде затворен за сообраќај.

Се уште не се познати причините за несреќата, која, според локалниот весник „Рајн цајтунг“, се случила за време на ноќен тренажен лет.

17.01.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега