Српска пејачка ја прогонува поранешната девојка на нејзиниот вереник

Српската пејачка Маја Николиќ тврди дека последниве денови живее во хорор откако започнала да ја прогонува поранешната девојка на нејзиниот вереник. Пејачката се пожали дека поранешната девојка на нејзиниот сакан Ален Савиќ со која тој бил четири години во врска, се обидува да им го загорчува животот обидувајќи се да им ја растури врската.

- Девојката дојде кај нас откако слушнала дека сме верени. Сакаше да провери дали се уште има некакви шанси кај него. На Ален му дадов време да си го реши проблемот, додека јас сум посветена на моите настапи во Холандија. Таа девојка сака да ми го загорчи животот, вели Маја , пренесе српски Курир.

Исто така, иако признава дека се плаши за својата врска, Маја вели дека ништо не може да ја раздели од нејзиниот сакан.

17.01.2014 - 08:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега