Тато Кире: Победата и ја посветувам на ќекрка ми Лана за роденден

Капитенот на македонската ракометна селекција, Кире Лазаров, продолжи со одличната игра и тресењето на противничката мрежа за повторно да биде еден од најзаслужните за победата, воедно и водечки на листата на стрелците со 27 гола на трите средби.

Како и на претходните мечеви, и денес против Австријците тој во неколку наврати ја презема одговорноста во клучните моменти. По натпреварот во Хернинг, тој за сопствениот сајт изјави дека сака да ја посвети победата на ќеркичката која во негово отсуство го прославила шестиот роденден.

- Сакам оваа победа да ја посветам на мојата ќерка Лана, која денес слави роденден. Ова е голема, но сметам и заслужена победа. Со моите коментари сакав да го испровоцирам мојот пријател Борко Ристовски, кој добро го знам како функционира и затоа така изјавив да го мотивирам. Сега гледам дека Мариновиќ има две интервенции повеќе од него и Борко мора да биде уште подобар. За наредниот круг ќе го имаме Немања Прибак, кој е квалитет и ќе ни помогне. Очекуваме големи работи од него, очекуваме одговорност од него, бидејќи натурализираните играчи треба да бидат додадена вредност на оваа репрезентација,- вели Лазаров по првата победа на ова првенство, а вкупно петта за Македонија на европските првенства

17.01.2014 - 00:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа