Викендов вистински температурен шок

Во Македонија во петок во утринските часови ќе има појава на магла која во некои котлини ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -4°C до 4°C, а дневните температури ќе достигнат до 7°C односно до 15°C, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Weather4all

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која може да се задржи и претпладне, во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.  Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 0°C, а дневната температура до 12°C.

Во сабота во утринските чсаови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од -1°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе се движат 6°C до 14°C.

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Попладне наоблачување кое во доцните попладневни и во вечерните часови ќе донесе врнежи од дожд. На планините над 2300 метри надмоска висина со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури од 7°C до 16°C.

Во понеделник во утринските часови врнежите од дожд ќе престануваат. Претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Попладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 3°C до 8°C, а дневните температури ќе се движат од 8°C до 16°C. 

 

 

16.01.2014 - 23:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега