Мукаетов: Ова е феноменален резултат

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов не го криеше задоволството од пласманот во следната фаза. Според него, ова е феноменален резултат кој ни обезбедува пласман меѓу десетте најдобри во Европа, а секоја победа, не носи погоре.

„Момците покажаа уште еднаш дека имаат капацитет и дека во секоја ситуација се спремни и орни за борба, дека се борат за оваа држава и даваат се од себе на секој натпревар. Ова е феноменален резултат, ова што го направивме бидејќи со оваа победа сме скоро сигурно пласирани меѓу најдобрите десет селекции во Европа, а секој нареден триумф би не носел две до четири места нагоре. Тоа за мене е феноменален успех, браво за момците. Сега пред нас е втората фаза, стартната цел е исполнета, а сега сето она што ќе го направиме по ова ќе биде уште еден голем плус за македонскиот ракомет“ – вели Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов во изјава што ја пренесе Екипа

16.01.2014 - 21:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега