Обрван: Имав тајм-аут но намерно не го земав

Селекторот на македонската реперезентација, Ивица Обрван не го крие задоволството по победата над Австрија.

„Во овој момент направивме огромен успех, дечките на терен кои играат од срце покажувајќи силен карактер, ние како стручен штаб и луѓето од федерацијата. Наспроти сите проблеми со кои се соочивме пред и за време на турнирот, покажавме фантастичен карактер и успеавме не само да се пласираме, туку и да пренесеме два бода. Водството не успеавме да го капитализираме и да ја зголемиме позитивата, што е последица на заморот. Покажавме карактер, свртевме од минус два на плус еден. Имавме и среќа, но среќата ги следи храбрите“ – изјави Обрван по натпреварот и додаде,

„Имав тајмаут, но не го земав, сметав дека ако го земев ќе им помогнев на Австријците. Имавме две-три работи што ги тренираме, играчите се договорија за Кире да шутира и тоа излезе успешно. Во одбраната инсистирав на фаул, тоа не се случи, топката стигна до крилото, Борко одбрани, но јас сум убеден дека времето и онака беше истечено“ - изјави Обрван

 

 

16.01.2014 - 20:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега