Миркуловски: Го оставивме срцето на терен - сега се е можно

Бекот на Металург и на македонската репезентација, Филип Миркуловски вели дека по победата на Австрија, се е можно во втората фаза

Можеби никој не веруваше по тие повреди на клучните играчи, но со напорна игра, мотивација и оставање на срцето на терен стигнавме до голем триумф. Ова е голем триумф бидејќи носиме два бода во следната фаза, што е огромен успех. Одигравме онака како што се договоривме, особено во одбраната. Сега се е можно, веќе имаме два бода, а ако продолжиме вака да играме, можеме да стигнеме до уште некој позитивен резултат“ - вели Миркуловски во изјава што ја пренесе Екипа

16.01.2014 - 20:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега