Во инфаркт завршница Македонија патува понатаму - Борко и Лазаров ја ставија Австрија на колена

Во инфракт завршница нашата ракометна репрезентација успеа да оствари триумф над Австрија со 22:21 и да обезбеди понатамошен пласман во наредната фаза на ЕП во Данска. 

Нашите херои мечот го започнаа со променливо темпо, но сепак на крајот успеаа да слават и како второпласирани во групата да опстојат на ЕП. 

Со 19 одбрани македонскиот голман Борко Ристовски е најзаслужен за победата на Македонија над Австрија со 22:21.

Останува мирно да го проследиме мечот помеѓу Данска и Чешка и доколку Данците ја оправдаат фаворитската улога и слават тогаш Македонија во следната фаза ќе пренесе два бода. 

 

16.01.2014 - 20:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега