Паднаа глави на неколку турски високи обвинители

Високиот совет на судии и обвинители во Турција разреши денеска обвинители во Истанбул од своите функции.

Истанбулскиот главен обвинител Турхан Чолакладе и петмина негови заменици се меѓу дваесетте разрешени од должност, се вели во соопштение на Високиот совет на судии и обвинители.

За нов главен обвиител на Истанбул е назначен Хали Салихоглу.

Разрешуавњето се случува во момент на корупциски скандал во државата што почна на 17 декември. Во голема полициска акција беа уапсени голем број луѓе блиски до Владата.

Името на истанбулскиот обвинител беше вмешано во спор со друг обвинител од Истанбул – Муамер Акаш, кој побарал да биде преземен втор бран од истрагата за корупција. Новиот полициски началник на Истанбул Селјами Алтанок не дозволи да се исполнат наредбите на Акаш.

Алтанок беше назначен на функција откако владата го разреши поранешниот шеф Хусеин Чапкан по започнувањето на антикорупциската истрага во која беа уапсени голем број лица блиски до владата меѓу кои и синот на тогашниот министер за внатрешни работи. 

16.01.2014 - 19:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега