Густа магла ги покри патиштата кај Тетово и Плетвар

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, наместа по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има кај Тетово и Плетвар, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

16.01.2014 - 19:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега