Тепачка во Парламентот - настрадаа пратениците на дебата за буџетот

Двајца украински пратеници настрадаа во судири меѓу претставници на проевропската опозиција и владејачката партија за време на дебата за буџетот во Парламентот на Украина.

Пратеникот Владимир Малишев од владејачката поартија е со рана на челото, а опозицискиот пратеник од Татковина, Степан Кубив е со повреди на устата.

Опозицијата од почетокот на неделата ја блокираат работата на Парламентот додека пратеници од владејачката Партија на регионите, на претседателот Виктор Јанукович кои имаат мнозинство, настојуваат да продолжи дебатата за буџетот за 2014 година.

Тепачката почна неколку минути пред гласањето за буџетот. 

16.01.2014 - 18:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега