Градоначалникот на Дојран во посета на Кукуш

Делегација на општина Дојран, предводена од градоначалникот Борче Стамов, денеска престојуваше во Грција, во работна посета на општина Кукуш.

Со својот колега, Вангелис Баласкас, Стамов оствари средба чија цел беше потпишувањето на партнерскиот договор меѓу двете општини за реализација на ИПА проектот „Заштита на животната средина на Дојранското Езеро и општина Кукуш“.

Проектот опфаќа реконструкција на постојната пречистителна станица во Нов Дојран и воведување најсовремена технологија на пречистителната станица во Кукуш, за што се одобрени 501.799 евра од кои 309.734 евра ќе добие општина Дојран.

- Активностите околу реализацијата на проектот почнуваат со денешното потпишување на договорот. Според наши проценки, до почетокот на летната туристичка сезона Дојран ќе ја добие пречистителната станица со што ќе ги примени најновите животни стандарди пропишани од Европската унија, изјави градоначалникот Стамов и додаде дека со ова зајакнуваат меѓусоседските односи и прекуграничната соработка меѓу Македонија и Грција.

16.01.2014 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега