Италија: Кај пристаништето Џиоиа ќе се изврши трансфер на сириското хемиско оружје

Италијанските власти денеска соопштија дека пристаништето Џиоиа Тауро (Gioia Tauro) во покраината Калабрија во јужниот дел на земјата е одредено како место на кое ќе биде извршен трансферот на сириското хемиско оружје од дански на американски брод, наспроти острото противење на локалните власти.

- Владата го избра пристаништето Џиоиа Тауро како особено соодветно за таа операција, изјави италијанскиот министер за транспорт Маурицио Лупи во парламентот.

Уништувањето на сириското хемиско оружје, вклучително нервниот гас сарин и состојките за негово производство, требаше да биде завршено до крајот на март, но е забавено поради граѓанската војна во Сирија, неповолните временски услови и бирократијата, поради што Организацијата за забрана на хемиското оружје сега очекува тоа да биде завршено до крајот на јуни.

16.01.2014 - 17:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега