Неколку скопски населби утре без струја

Дел од корисниците од село Усје, булеварот „Борис Трајковски“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до  фабриката ОХИС во општина Кисела Вода, како и од улилцата „Благоја Паровиќ“ во општина Чаир утре од 8 до 15 часот ќе останат без снабдување со електрична енергија. 

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат  и дел од корисниците од селото Горно Нерези, а од 9:30 до 15:30 часот дел од корисниците од улицата „Теодосиј Синаитски“ во општина Карпош.

Во периодот од 10 до 12 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од село Грушино, а од 11:30 до 15:30 часот и дел од корисниците од улицата „Бањалучка“ во општина Карпош. 

 

16.01.2014 - 16:21
Фото: 
енергетскаефикасност.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега