ЕК го поздрави договорот за Изборниот законик

Европската комисија денеска ги поздрави преземените чекори за Изборниот законик.

Според портпаролот Стано, Комисијата е информирана за одржаните дискусии меѓу политичките партии во Македонија и постигнатиот договор. - Овие амандмани сега ќе се дискутираат во Парламентот и како што знаете, изборните реформи беа важен дел и од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) со ПЈР Македонија, но и важен елемент од политичкиот договор од 1. март минатата година, додаде Стано.

- Овој договор што беше постигнат од страна на работните групи меѓу политичките партии, треба да биде дискутиран и усвоен во Парламентот. Но, тој беше еден од елементите што беа важни во рамки на Пристапниот дијалог, а комесарот беше јасен минатата недела кога кажа дека ХЛАД-от ќе продолжи како важен инструмент на ЕК за поддршка на реформскиот процес во ПЈР Македонија и предвидената континуирана определба на Владата да продолжи со имплементација на реформите, имплементација на мартовскиот договор и продолжување на подобрување на добрососедските односи, потенцира портпаролот Стано во изјава за МИА. 

16.01.2014 - 15:17
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега