Со кого имала афера вдовицата на Џон Кенеди?

Вдовицата Жаклин Кенеди, жената на убиениот американски претседател Џон Кенеди, имала љубовна афера со познатиот руски балетан Рудолф Нуреев во време додека таа беше „прва дама“ на САД, тврди Дарвин Портер, автор на најновата книга за семејството Кенеди и за нивните љубовно-сексуални врски.

Според авторот Портер, тој разговарал со американските писатели Труман Кепот и Гор Видал и двајцата пријатели на Жаклин Кенеди и од нив разбрал дека таа била во „врска со Нуреев“ но и дека Русинот бил „уловен“ како во една телефонска говорница, „страствено се бакнува“ со тогашниот сенатор Роберт Кенеди.

Книгата на Портер треба да се појави на 20-годишнината од смрта на Жаклин Кенеди и во неа љубовната афера со Нуреев е употребена како илустрација за да се покаже дека таа „не седела со скрстени раце“ додека нејзниот сопруг Џон Кенеди имаше бројни љубовни афери со разни жени.

16.01.2014 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега