Австрија провоцира: Лазаров ја нема силата на Хансен!

Австрија која вечерва ќе си ги одмери силите со нашите ракометари, смета дека нашиот капитен е уморен и дека ќе падне под големиот притисок.

- „Лазаров нормално е важен играч за Македонија. Од него почнува сè, проигрува, асистира, има голем одраз, но ја нема силата на Микел Хансен. Данецот ни создаде големи проблеми. На Лазаров утре ќе падне голем притисок" вели чуварот на мрежата на Австрија Мариновиќ.

Па, се надеваме дека вечерва ќе им го докажеме спротивното на нашите противници.

16.01.2014 - 14:46
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега