Ќе платат 993 фунти затоа што ги одвеле своите деца на одмор

Родителите  Стјуарт и Наташа Сатерленд од Британија  се осудени од општинскиот суд во Тилфорд, со парична кзна од 993 фунти, затоа што ги одвеле своите деца на одмор, во време кога тие требало да бидат на училиште.

Во септември минатата година, брачната двојка Сатерленд одлучила да помине една недела на одмор на грчкиот остров Родос, но со себе ги зеле и своите три деца. Двете ќерки од 15 и 12 години, таа недела требало да бидат на училиште.

По враќањето од Грција, родителите биле казнети затоа што не ги почитувале училишните правила и ги одвеле своите деца, иако знаеле дека за тоа мора претходно да побараат и да добијат дозвола. 

Судот затоа ги повика на ново судење, овој пат изрекувајќи им повисока казна. Таткото и мајката на учениците кои го „запоставиле училиштето за да одат на одмор“ сега се казнети со 630 фунти, како и со полнителни 300 фунти за непочитување на училишните правила.

Изреволтираниот татко по излегувањето од судот изјавил:

"Луѓето кои донеле еден ваков закон не живеат во реалниот свет", изјави осудениот татко.

16.01.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега