ВИДЕО: Ова е најскапиот спот на Балканот

Пејачката и членка на жирито во шоуто Х Фактор Адриа Емина Јаховиќ, го претстави вчера новиот спот за песната "Опет си са њом".

Продукцијата на Х Фактор ја изненади синоќа Емина кога среде емисија го емитуваше спотот за синглот "Опет си са њом". На тој начин, тие и го честитаа 32. роденден.

Спотот е најава за нејзиниот нов студиски албум, четврти по ред, а станува збор за нејзин најскап спот досега направен.

Снимен е на релација Истанбул – Белград, а за негова реализација е ангажирана целокупната механизација на еден приватен аеродром во Турција.

15.01.2014 - 19:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега