Лекарите прозбореа: Нема да го будат Шумахер од кома

Седумкратниот шампион Михаил Шумахер кој од 29 декември се наоѓа во вештачка кома откако си ја повреди главата на скијање на француските Алпи, сепак нема да го будат од кома, бидејќи повредите на мозокот се посериозни отколку што лекарите очекувале.

Лекарскиот тим од болницата каде се наоѓа Шумахер ги демантира информациите дека возачот ќе биде разбуден од кома. Снимките од мозокот на Шумахер покажуваат дека е ризично тој да се разбуди од кома, бидејќи повредите се многу сериозни и би можело да дојде до компликации. Лекарите засега немаат план како ќе се одвива ситуацијата со легендарниот шампион на Формула 1 понатаму.

Според нив, ова ќе биде тешко опоравување, кое би можело да трае и со месеци.

15.01.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа