Портрети на Хитлер и Сталин на изложба за истакнати лица во германската историја

Постојаната изложба на слики на берлинскит сликар Луц Фридел во вторник ќе биде поставена во Потсдам во новата зграда на Парламентот на германската сојузна држава Бранденбург. Дел од изложбата се и апстрактните портрети на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер и на советскиот диктатор Јосиф Сталин.

Меѓу сликите на лица кои влијаеле на текот на германската историја се портретите на хитлеровиот шеф на пропагандата Јозеф Гебелс, но и на писателот Франц Кафка и еврејското девојче, Ана Франк, жртва на нацистите.

Христијанско-демократската унија на германската канцелака Ангела Меркел минатата недела, заедно со Партијата на слободни демократи, побара од Парламентот во Бранденбург да се забрани изложувањето на 122 портрети, но другите партии се спротиставија, тврдејќи дека се работи за цензура.

15.01.2014 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа