Во ноември "вриело" од Грци во Македонија - еве колку туристи ја посетиле земјава

Во текот на месец ноември Македонија ја посетиле  20.000 странски туристи. Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, најбројни меѓу странските посетители биле Грците, а по нив Трците, Србите и Бугарите.

Според податоците,во ноември минатата година, Македонија ја посетиле 3.765 туристи од Грција,  2.750 од Турција, 1.976 туристи од Србија и 1715  од Бугарија. Вкупниот број туристи во ноември 2013 година изнесувал 34.113, кои оствариле 79.025 ноќевања.  Од нив странските туристи се 20.876 кои имале 42.965 ноќевања.

Скопје е најпосетен град каде што се евидентирани 12.009 туристи.

15.01.2014 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега