ФОТО: Преку Интернет бара кум за неговото дете
Некои идни родители неможат да се одлучат кое има да го дадат на своето дете, но еден откачен татко за име на своето бебе бара помош од корисниците на Интернет.
Стивен Меклафлин ја покрена страницата namemydaughter.com и по пат на Редит ги повика корисниците да дадат предлози. Името со најмногу гласови до 2 февруари кога се очекува доаѓањето на девојчето на свет ќе биде запишано во нејзиниот извод на родени.
Еве кои имиња водат: Ктулу, Ладвиша, Мегатрон, Легатор и Лесли. Се избира и средно име за девојчето, а тука меѓу водечките се и Ол Спарк, Ли-Деш-А, Понд, Салад и Титаниум.
- Здраво, моето име е Стивен и покрај неверувањето на мојата сопруга, одлучив да му препуштам на Интернет да даде име на мојата ќерка, напиша на страницата.
На крајот на реченицата на Интернет тој појаснува дека не смее до крај да му се верува - Мојата ќерка не смее да добие име WackyTac692.
Па кое име ќе го одбере ќе се знае за три месеци кога ќе дојде на свет нивната ќеркичка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа