ВИДЕО: Дванаесетгодишник влегол во училиште и почнал да пука - детенце се бори за живот

Уште еден училишен хорор ги потресе САД. По неколкуте пукотници и трагедии кои се случуваа во неколку училишта, овојпат 12-годишно детенце во школо во Ново Мексико вчера пред почетокот на наставата ранил двајца ученици со сачмарка.

Според податоците на светските медиуми, момчето ранило двајца соученици и пукало се додека еден од неговите професори не успеал да го убеди да го спушти оружјето и да се смири. Идентитетот на детето не е откриен на барање на родителите, а тој ранил 11-годишно момче и 13-годишно девојче.

Детето го криело оружјето во својата училишта чанта, а најверојатно сакал да го нападне токму рането момче кое е во критична состојба и се бори за својот живот.

15.01.2014 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега