Михаил Шумахер повторно опериран

 

На седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, кој веќе 17 дена се наоѓа во вештачка кома откако се повреди за време на скијањето на француските Алпи, вчера му била извршена уште една операција.

Лекарите стравуваат дека е возможно да се појават непредвидени компликации како инфекции, па затоа сакаат да видат кои делови од мозокот на легендарниот возач функционираат.

 Лекарите сакаат да видат кои делови се оштетени, а кои делови сè уште функционираат. Не знаеме кога следен пат ќе може да излеземе со официјални податоци, но возможно е да поминат недели, па дури и месеци, велат извори од болницата каде лежи Шумахер.

Состојбата на Михаил и понатаму е стабилна, но критична.

15.01.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега