Поплави и поројни дождови на Филипините-загинаа најмалку 22 лица

 

На Филипините веќе втора недела по ред има поројни дождови, каде 22 лица загинаа, а десетици лица се водат како исчезните.

Националниот штаб за цивилна заштита обајви извештај во кој пишува дека над 200.000 Филипинци се евакуирани од поплавите и разурнатите домови во подготвените бегалски кампови под шатори. Најкатастрофална е состојбата во вториот по големина филипински остров Минданао, во кој живеат 22 милиони жители. Заради дождовите од планините се тргнати реки од кал и свлечишта. Стихијата предизвикала огромни штети на земјоделските површини и социјалната инфраструктура.

Военотранспортни авиони на филипинските воено-воздушни сили превезуваат храна и друга хуманитарна помош за настраданите.

 

 

15.01.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега