Холандија : Затворениците ќе плаќаат 16 евра дневно за своите ќелии

Затворениците во Холандија наскоро ќе мора да плаќаат за сместувањето во затворските келии. Со новиот нацрт закон кој го подготвува владата на Холандија се предвидува затворениците за сместувањето во своите келии да плаќаат по 16 евра дневно.

„Заменик министерот за правосудство, Фред Тевен, смета дека осудениците делумно мора да плаќаат за своето сместување во затворите. Според неговите размислувања престојот на затворениците во затвор не треба да паѓа само врз грбот на државата и општеството, изјавил портпаролот на Министерот за правосудство, Вибе Алкема.

Тој истакнал дека дневните трошоци на Холандија за секој затвореник поодделно се во висина од 250 евра.

Доколку нацрт законот биде усвоен во двата дома на парламентот, осудениците ќе мора најмногу две години да плаќаат кирија од 16 евра дневно.

Доколку законот биде одобрен, тој ќе стапи на сила од први јануари 2015 година.

14.01.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега