Излажала дека е силувана за да сокрие дека имала секс во тројка

Девојка го обвинила своето веќе поранешно момче дека ја силувало, а всушност само се обидувала да сокрие дека учествувала во оргии. Како што пренесуваат светските медиуми, се работи за 24-годишната Лиса Јап која имала секс во тројка со двајца мажи, а потоа за да го прикрие тоа што го направила, си го обвинила момчето дека ја силувало.

Девојката откако завршила со сескот во тројка отишла целата расплакана кај своите пријатели и им раскажала дека нејзиното момче Гавин Хоки ја силувало на една уличка близу нејзиниот дом. 

- „Знаев дека некој одеше зад мене, и го забрзав одот. Ме удри со тврд предмет по главата и ме турна на земјата. Ме фати за косата и ми ги соблече панталоните“, излажала девојката. 

Инаку, полициската истрага утврдила дека момчето не било до Лиса кога таа била сексуално активна, па се докажало дека невино. Сега Лиса е обвинета за попречување на правдата, откако и еден од мажите со кои имала секс во тројка открил што направиле, по што се докажала вистината.

14.01.2014 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа