Папата Францис го осуди абортусот како ужасен

Откако конзервативците во Римокатоличката црква кои го обвинија Папата за неизјаснување на неговиот став во однос на абортусот, тој најжестоко го осуди абортусот како „ужасен“ симптом на „фрагментирана култура“ која не го цени животот.

„Ужасно е да се помисли дека има деца, жртви на абортусот кои нема да го видат денот“,вели папата Францис.

Од неговиот избор во март, врховниот свештеник на Римокатоличката црква никогаш не го промени ставот на црквата во однос на абортусот.

Во неговиот говор во понеделникот во Ватикан, тој исто така го осуди насилството во Сирија, како и другите жаришта ширум светот, образложувајќи дека мирот е под закана „од сите одбивања на човечкото достоинство“.

14.01.2014 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега