Конечно: Даниел Кајмакоски со концерт и во Македонија!

Конечно, откако синоќа заедно со својот ментор Жељко Јоксимовиќ нашиот талентиран и скромен Даниел Кајмакоски настапи на пречекот на Старата нова година во Нови Сад, заедно со другите натпреварувачи на Икс Фактор и познати српски естрадни имиња како Наташа Беквалац, Никола Роквиќ, Јелена Томашевиќ...ќе го видиме и пред македонската публика.

Заедно со Јоксимовиќ кој за Водици ќе настапи со свој концерт во Охрид, ќе го видиме и нашиот натпреварувач на музичкото шоу Икс Фактор. Како што пренесе Вистина.мк, концертот ќе се одржи во спортската сала Билјанини извори на 17 јануари.

До тогаш, да му посакаме повторно вечерва да биде прв, и да има добар настан на шоуто на нашиот Даниел.

14.01.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа