Пакистан: Поседувал приватен затвор и со години измачувал пакистанци

Абдул Раман, пратеникот во Парламентот на пакистанската провинција Балучистан, е уапсен вчера поради поседување на приватен затвор во сопствената куќа, каде се пронајдени пет луѓе, врзани со ланци, од кои двајца биле држени неколку години.

Постоењето на затворот е откриено откако приватните телохранители на Кетран вчера нападнале полицајци на контролен пункт, ги претепале и им го одзеле оружјето. Веднаш по инцидентот полицијата извршила претрес во куќата на Кетран и ги ослободила заложниците, меѓу кои и една жена.

Полицијата ги уапсила Кетран, неговиот син и шесте телохранители, а конфискуван е и камион полн со оружје и муниција.

14.01.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега