Драма во воздухот: Пилот доживеал инфаркт додека управувал со авион

Храбра медицинска сестра од САД го спасила животот на патници во авион откако пилотот доживеал инфаркт среде управувањето на авионот.

Линда Авеис од САД успеала да ги спаси патниците откако на висина од 10.000 метри пилотот доживеал инфаркт. Таа смирено прашала дали можеби има лекар меѓу патниците и кој знае да управува со авион.

- Пилотот не можеше ни да зборува. Срцето му куцаше забрзано. Знаев дека се работи за срцев удар. Веднаш му помогнав со една друга медицинска сестра, вели девојката.

За среќа, драмата во воздухот не завршила трагично, Пилотот го слетал авионот по што итно бил пренесен во болница.

 

14.01.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа