Американски новинар протеран од Русија прв пат по Студената војна

Американскиот новинар Дејвид Сатар, поранешен дописник на британскиот весник „Фајненшел тајмс“ и автор на три добро прифатени книги за Русија и Советскиот Сојуз, има забрана за престој Русија пишува британскиот весник „Гардијан“. Воедно ова е и првиот случај по завршувањето на Студената војна некој да биде протеран од Русија.

Сатар оваа шокантна информација ја добил на Божик .

Тој од септември минатата година престојувал во Москва, во декември отпатувал до украинскиот главен град Киев за да ја обнови својата виза, но руски дипломат му прочитал претходно подготвено соопштение дека „надлежните органи одлучиле дека неговото присуство на територијата на Руската Федерација е непосакувано“. - Забрането Ви е да влегувате во Русија, стоело во соопштението.

Сатар од Лондон преку „Гардијан“ побара итно повлекување на неговата забрана за престој во Русија и изјави дека не знае зошто бил протеран од земјата, но вели дека решението на ФСБ може да е поврзано со неговите материјали за екслпозиите во станбените згради во Москва и два други руски града во 1999 година, во кои беа убиени над 300 лица.

14.01.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа