Водителот на Икс Фактор: По смртта на татко ми сфатив дека имам биоенергија

Славко Калезиќ, водителот на музичкото шоу Икс Фактор се пофали дека лечи со допир и дека може да испрати енергија. Тој вели дека има биоенергија бидејќи усовршил една техника со која може да им помогне на многу луѓе, а и на самиот себе.

- Се работи за јапонска техника, а не за магија. Ја открив по смртта на мојот татко. Отидов на една сеанса за да си помогнам на самиот себе. На луѓето им се појавуваат вода, боја и сонце. Откако ми помогна, одев и на курс каде научив и јас да помагам на другите, вели Славко.

Тој вели дека ја применил техниката на судијката на Икс Фактор, Емина Јаховиќ и открива дека и понатаму ќе остане во шоуто, но нема да го промени имиџот.

 

 

14.01.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега