Со години не убедуваат дека Титаник потонал а тоа е лага?
За најголемиот брод на светот Титаник многумина говореа дека не е можно да потонал. Сепак, на 15 април пред 100 години се докажало спротивното. Титаник удрил во лед и потонал, при што во големата трагедија животот го загубиле 1.517 лица. Сепак, изгледа не е се онака како што знаеме со години.
Писателот Робин Гарднер објави нова книга за најголемата бродска трагедија во која тврди дека на дното на Атлантикот не лежи Титаник. Неговата книга говори за теориите на завера и тој вели дека се се совпаѓа со тоа дека Титаник не можел да потоне.
- Преживеаните опишале дека шетале по палубата на бродот. Сепак, на тоа место според нацртите требало да има кабина. Тоа е така бидејќи ништо од ова не се одвивало на бродот. Тој вели дека патниците всушност биле на друг брод и вели дека замената на бродовите останала мистерија.
Олимпик бил сестрински брод на Титаник, па затоа и било многу тешко да се воочи разликата меѓу нив.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа