Денеска ќе биде погребан поранешниот израелски премиер Шарон

Поранешниот премиер на Израел, Ариел Шарон, кого Израелците го сметаат за херој, додека Палестинците за воен злосторник , денеска ќе биде погребан во семејниот имот недалеку од појасот Газа.

Голем број израелски претставници, меѓу кои и американскиот претседател Џозеф Бајден, германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер и поранешниот британски премиер Тони Блер денеска ќе му упатат последен поздрав на премиерот.

Шарон ќе биде погребан до својата сопруга.

За потсетување, поранешниот израелски премиер почина пред два дена, а цели осум години беше во кома.

13.01.2014 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа