Обама најави вето на новите санкции против Иран

Американскиот претседател Барак Обама синоќа најави дека ќе стави вето, доколку Конгресот усвои нови санкции против Иран, бидејќи како што вели тој тие би претставувале ризик за решавањето на иранското нуклеарно прашање.

По повод стапувањето во сила на договорот за ублажување на санкциите Иран и светските сили се договорија имплементацијата на иранскиот нуклеарен договор да почне од 20 ти јануари.

Како што стои во соопштението на Белата куќа САД и другите држави тогаш ќе почнат процес на умерено ублажување на санкциите на Иран,  додека Техеран ќе почне да се движи во насока на исполнување на спогодбата за прекин на нуклеарната програма.

Од вкупно сто сенатори, 58 го потпишале законскиот предлог кој предвидува нови казнени мерки, со кои се спречува натамошната продажба на иранската нафта.

13.01.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа