Четири лица загинаа при пад на авион во Германија

Четири лица загинаа во несреќата која се слуши синоќа при уривање на авион покрај аеродромот  во Германија, во услови на густа магла. 

Несреќата се случила откако авионот од типот „Цесна“, кој полетал од јужна Англија, се движел кон аеродромот „Форен“ кај западногерманскиот град Трир, кога удрил во електричен столб од железничка пруга. По ударот тој паднал и експлодирал. 

Според податоците со кои располага полицијата во Трир, во несреќата загинале 61-годишен бизнисмен од регинот и неговата 60 годишната сопруга, како и двајца пилоти.

Се уште не се познати причините за несреќата.

13.01.2014 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа