Драма во воздухот: Два пати им се срушил авионот во ист ден на исто место

Двајца пилоти од Нов Зеланд доживеале хорор откако им се срушил авионот, а потоа кога се спасиле и мислеле дека сето тоа е оставено во минатото, уште еднаш им се срушил авион и тоа во истиот ден! Пилотот Денис Хорн и неговиот копилот Манфред Шерибус за среќа не се повредени во двете несреќи кои им се случиле, но и двајцата признаваат дека тоа малку ја разнишало нивната гордост.

Драмата започнала кога моторот на авионот престанал да работи, па пилотите успеале некако да се приземјат на плажа. Откако се соземале, повторно седнале во авион и се обиделе повторно да полетаат, но и овојпат завршиле паѓајќи во океанот. За среќа тука имало група луѓе кои им помогнале на момците.

 

13.01.2014 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега