Кој се наоѓа на списокот на предавници на Хилари Клинтон?

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон се соочува со нова книга која открива детали за нејзината кариера и живот. Како што јавува дописникот на МИА, Клинтон имала список на предавници на чие чело бил актуелниот државен секретар на САД Џон Кери, кого Хилари Клинтон го обвинувала за неговата поддршка на кандидатурата на Барак Обама на претседателските избори во 2008 година.

Некои од политичарите на долгиот список лица кои и „забија нож во грб“ на Хилари Клинтон потоа неславно ги завршија своите кариери, па дури и животот, што, служело за шега во штабот на Хилари.

- Неколку години по кампањата, советниците на Хилари се шегуваа со лошата судбина на сите нивни блиски соработници, кои ги предадоа во изборите во 2008 година. Бил Ричардсон е под истрага. Кариерата на Џон Едвардс пропадна во скандал. Крис Дод се повлече од Сенатот. И на крајот, со тивок глас, ќе кажеа: Тед Кенеди почина, пишува во книгата за Хилари Клинтон, што ја објавија Ејми Парнс и Џонатан Ален, новинари кои долго време ја следат кариерата на поранешната прва дама и државен секретар на САД.

13.01.2014 - 09:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега