Борко: Главата горе - ова беше само загревање

Со 15 одбрани, Борко Ристовски беше прогласен за најдобар играч во нашиот состав. По мечот, Борко вели дека нема простор за паника и дека следните два меча за нас се оние од кои очекуваме бодови

„Против себе имавме многу силна репрезентација, ова беше само почеток за нас, прв меч и може да се каже загревање за следните натпревари. Како што кажа селекторот, следните два меча се „да се биде или не“ за нас и очекувам да забележиме најмалку една победа и да ги продолжиме настапите на ова Европско Првенство“ – вели Борко Ристовски во изјавата што ја објави спортскиот портал Екипа

12.01.2014 - 22:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега